ПРВ.мк
Свет

18 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ БОМБА: Една тежи дури 150 килограми – најголема акција од втората светска војна!

18 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ПОРАДИ БОМБА: Една тежи дури 150 килограми – најголема акција од втората светска војна!
Kristal

Околу 18.000 луѓе во Дрезден беа евакуирани утринава околу девет часот, откако во близина на мостот Карола беше откриена бомба од Втората светска војна, пренесува „Дојче веле“.

Локалните власти соопштија дека на бреговите на реката Елба биле пронајдени два сомнителни предмети, а експертите потврдиле дека едниот е британска бомба тешка 250 килограми.

Се очекува бомбата да биде деактивирана во голема операција, при што претходно беше спроведена најголемата евакуација на население во Дрезден од Втората светска војна.

Зоната на евакуација од 1.000 метри опфаќа клучни знаменитости како Фрауенкирхе и Земперопера, како и седиште на полицијата и Саксонскиот државен парламент.

Минатата година во Дрезден беа пронајдени четири бомби за време на работите на рушење на мостот Карола, што доведе до евакуација на околу 17.000 луѓе во август.

Дрезден беше бомбардиран со „тепих-бомби“ за време на големите сојузнички напади во февруари 1945 година, кога загинаа до 25.000 луѓе, а околу 90% од центарот на градот беше уништен.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo