ПРВ.мк
Спорт

Уште едно исполнето ветување на ФФМ – 210 метри ЛЕД екран што го носат македонскиот фудбал во нова ера (ВИДЕО)

Уште едно исполнето ветување на ФФМ – 210 метри ЛЕД екран што го носат македонскиот фудбал во нова ера (ВИДЕО)
Kristal

Фудбалска федерација на Македонија направи значаен исчекор кон современите европски стандарди, откако официјално набави 210 метри сопствен ЛЕД екран – инвестиција што директно го менува изгледот и доживувањето на фудбалските натпревари.

Со оваа одлука, ФФМ става крај на децениската пракса со дрвени рекламни табли и импровизирани решенија, воведувајќи модерен дигитален амбиент кој носи подобро искуство за публиката, поголема видливост за партнерите и професионален изглед каков што одамна е стандард во европскиот фудбал.

Она што ја прави инвестицијата уште поважна е фактот што станува збор за сопствена опрема – без изнајмување и без привремени решенија, туку со јасна долгорочна визија за развој на фудбалската инфраструктура во Македонија.

Проектот е уште едно исполнето ветување од актуелното раководство на федерацијата и доказ дека модернизацијата не останува само на зборови. Под водство на претседателот Масар Омерагиќ, ФФМ чекор по чекор гради посовремен, поорганизиран и поатрактивен фудбалски систем.

Новите ЛЕД екрани не значат само поубав изглед – тие отвораат нови можности за маркетинг, поддршка на клубовите и финансиска одржливост на натпреварите, што директно влијае на квалитетот на домашниот фудбал.

Со вакви инвестиции, пораката е јасна: македонскиот фудбал се движи напред, а фудбалот навистина е на прво место!

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo