Интензивно се работи на реализацијата на еден од најголемите капитални проекти во Skopje – булеварот „Македонија“, со кој за првпат во државата се гради и ќе биде пуштена во употреба првата подземна сообраќајница. Ова на Фејсбук го објави градоначалникот Orce Gjorgjievski.
Според него, станува збор за стратешки проект кој значително ќе го подобри сообраќајниот проток и ќе донесе ново, модерно решение за урбана мобилност во главниот град.
– Со неговата реализација, метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33 проценти, што претставува огромен чекор кон пофункционален, поуреден и поефикасен град. Најдоброто допрва доаѓа! – изјави Ѓорѓиевски.


















