На 2 март, 48-годишна жена од Скопје била физички нападната од својот 79-годишен татко во нивниот дом на подрачјето на општина Аеродром. Таткото користел остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Подоцна истиот ден, околу 20 часот, таткото пријавил дека неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, по што дошло до меѓусебна тепачка, а неговиот зет бил физички нападнат. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

















