ПРВ.мк
Скопје

Оваа општина ќе доделува субвенции за велосипеди – еве по колку!

Оваа општина ќе доделува субвенции за велосипеди – еве по колку!
Kristal

Општина Илинден објави Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година.

Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите со постојано живеалиште на територијата на општината, кои ќе набават нов велосипед во периодот од 2 март до 30 април 2026 година.

Целта на повикот е да се поттикне користењето велосипеди како еколошко превозно средство, да се унапреди сообраќајната култура и да се придонесе кон заштита на животната средина.

Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според датумот и времето на пристигнување.

Дополнителни информации може да се добијат на официјалната веб-страница на Општината или во нејзините простории.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo