Општината започна акција за уредување на улица 7, позната како „Коритница“, со цел да се подобри инфраструктурата и безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Во моментот се врши чистење на двете коловозни ленти, кастрење на дрвјата и проширување на патот во должина од 2 километри.

Паралелно со теренските активности, во тек е изработка на целосна проектна документација за целосна реконструкција и модернизирање на улицата. Општинските служби редовно го одржуваат патот, кој води до населбата Љубанци, а новите активности се дел од подготвителните мерки за пролетниот период.

Со овие активности, се очекува да се обезбеди побезбеден и попрактичен пат за жителите, како и подобра пристапност за сообраќајот во овој дел од општината.


















