ПРВ.мк
Свет

Трамп открива „губитници“ во НАТО – Шпанија и Велика Британија во центарот на вниманието!

Трамп открива „губитници“ во НАТО – Шпанија и Велика Британија во центарот на вниманието!
Kristal

Доналд Трамп предизвика нова дипломатска бура со тврдењето дека „имаме многу победници, но Шпанија е губитник“, истакнувајќи дека шпанската позиција во НАТО е непријателска и несоработувачка. Во телефонско интервју за Њујорк Пост, Трамп посочи дека Шпанија е единствената земја која гласала против обврската на алијансата да издвојува пет проценти од БДП за одбрана и дека не покажува тимски дух.

Американскиот претседател не штедеше критики ниту кон британскиот премиер Кир Стармер, нарекувајќи го разочарувачки заради одлуката да не им овозможи на САД користење на британските воени бази за кампањата против Иран. „Беше многу разочарувачки неговиот настап. Требаше да ни даде бази кои можеме да ги користиме без прашање или двоумење“, додаде Трамп, нагласувајќи дека очекува блискиот сојуз помеѓу САД и Велика Британија да значи полна соработка во критични операции.

Трамп исто така направи споредба на Стармер со Винстон Черчил, оценувајќи го дека „не е Черчил“ и дека неговата реакција го оставила изненаден и фрустриран. Со овие изјави, американскиот претседател го постави прашањето за веродостојноста и тимскиот дух на клучните сојузници во НАТО, додека тензиите меѓу Вашингтон, Мадрид и Лондон продолжуваат да растат.

Светот внимателно го следи оваа бурна реакција, прашувајќи се кои ќе бидат дипломатските последици и дали ќе се отвори нов фронт на конфликти во рамките на алијансата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo