ПРВ.мк
Скопје

Поддршка за домашните животни: Оваа скопска општината субвенционира стерилизација - еве што треба да направите!

Поддршка за домашните животни: Оваа скопска општината субвенционира стерилизација - еве што треба да направите!
Kristal

Општина Гази Баба објави јавен повик за целосно надоместување на трошоците за стерилизација на домашни миленици, со максимум до 6.000 денари по миленик. Право на учество имаат жителите на општината кои ќе достават комплетна документација.

За аплицирање, потребно е да се обезбеди доказ дека миленикот е регистриран и чипиран, има валиден пасош, а стерилизацијата е извршена во регистрирана ветеринарна установа на територија на Гази Баба. Исто така, се бара доказ за извршена уплата.

Документацијата се поднесува во затворен плик во архивата на Општината, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo