По примерот на Панч, малото мајмунче од Јапонија што се приврза за плишана играчка, скопската ЗОО денеска објави слична приказна со својата гибонка Делфина.
Делфина, која пред четири години беше отфрлена од својата мајка и спасена од пад во езеро, по спасувањето беше одгледана од посветената зоонегувателка Зера, која 24/7 го посвети своето време на малата гибонка.
Сега Делфина заедно со своето помало братче Мики се прилагодуваат на самостоен живот. Според ЗОО Скопје, институцијата е една од ретките во светот која успеала да ги спои и адаптира овие две гибончиња.
Плишаната играчка, подарок од редовна посетителка, е уште еден знак на грижа и љубов кон мајмунчињата. Тимот на ЗОО редовно им обезбедува подароци и играчки, а посетителите се воодушевуваат од приказната за Делфина и Мики, како и од пожртвуваноста на вработените, особено на Зера.

















