Во Скопје се лишени од слобода две лица од Романија, по пријава за измама на 83-годишна жена.
Според соопштението на МВР, на 22 април 2026 година околу 19:30 часот, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 35-годишниот Ј.Г. и еден малолетник, двајцата од Романија.
Случајот бил пријавен од оштетената 83-годишна скопјанка, која изјавила дека едно од лицата дошло во нејзиниот дом на подрачјето на Ѓорче Петров и се претставило како продавач на луксузни производи за домаќинство. На тој начин, како што се наведува, со измама ѝ одзел 300 евра и златен накит во вредност од околу 300.000 денари.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.










