ПРВ.мк
Скопје

Скопје 2028 е шанса за културен и одржлив развој на градот, порача градоначалникот на Бутел!

Скопје 2028 е шанса за културен и одржлив развој на градот, порача градоначалникот на Бутел!

Градоначалникот на Општина Бутел учествуваше на меѓународната конференција „Скопје Европска престолнина на културата 2028: култура, урбани политики и одржливи европски градови“, која се одржа во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

На настанот се дискутираше за улогата на културата во развојот на современи и одржливи урбани средини, а учествуваа експерти и претставници од европски градови.

Градоначалникот истакна дека процесот бара силна координација и јасна визија, при што го поздрави ангажманот на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, министерот за култура Зоран Љутков и поддршката од премиерот Христијан Мицкоски.

Тој нагласи дека „Скопје 2028“ не претставува само признание, туку и обврска за создавање град препознатлив по културата, иновациите и одржливиот развој.

Општина Бутел, како што посочи, останува активен партнер во процесот и ќе продолжи да учествува во креирањето политики насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Целта, според него, е заедничко градење на Скопје како град кој ќе биде оставен во наследство на идните генерации.

Најнови вести