ПРВ.мк
Скопје

Интензивни градежни работи во Радишани – продолжува асфалтирањето на улиците!

Интензивни градежни работи во Радишани – продолжува асфалтирањето на улиците!

Во насока на забрзана модернизација на инфраструктурата, продолжуваат градежните активности во населеното место Радишани, каде што во тек е асфалтирање на повеќе улици.

Според надлежните, работите се одвиваат со засилено темпо и се опфатени клучни сообраќајни точки, со цел значително подобрување на локалната патна мрежа и олеснување на движењето на граѓаните.

Во наредниот период се најавува продолжување на асфалтирањето и во други населени места, со што, како што се истакнува, се реализира планот за рамномерен развој на инфраструктурата.

Од институциите нагласуваат дека градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, со почитување на роковите и претходно дадените најави кон граѓаните.

Целта, како што се наведува, е континуирано подобрување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста и квалитетот на сообраќајот во сите населени места.