Повозрасните жители на Скопје се сеќаваат на времињата кога кината во главниот град биле преполни и токму на овие места младите создавале незаборавни дружби. Иако филмовите пред околу 50 години можеби не биле во боја и индустријата не била на денешното ниво, кината и кино салите сепак уживале огромна популарност.
- Кино Култура, Напредок, Карпош, Парк, Братство, Кино Бамби – ова беа најпознатите кина во Скопје, кои ги паметат сограѓаните како места на убави моменти и пријателства од едно поинакво време.

















