Роденденот на мајмунот Мики во Зоолошката градина во Скопје наместо во радост, заврши со скандалозен инцидент. Несовесни посетители украле повеќе од половина од подароците, кои беа наменети исклучиво за славеникот.
Шок и револт кај вработените Случајот го откри познатиот зоо-негувател Војо Иванов, кој преку социјалните мрежи го изрази своето големо разочарување од непочитувањето на основните правила на цивилизирано однесување:
„Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша револтирано Иванов.
Подароците беа за збогатување на живеалиштето Украдените предмети не биле случајни, туку специјални реквизити за игра, нега и збогатување на средината во која живее Мики. Овој потег предизвика лавина од негативни реакции и осуди од јавноста.
Се чека реакција од Зоолошката градина Засега нема официјална информација дали ќе се прегледуваат безбедносните камери, дали ќе се преземат мерки за лоцирање на сторителите и дали е можно да следат санкции за лицата кои го оштетиле животното.


















