ПРВ.мк
Сцена

Од големиот giveaway, актерот Стефан Николовски со својата продукција 1400 Studios ќе донира 240.000 денари во хуманитарни цели

Од големиот giveaway, актерот Стефан Николовски со својата продукција 1400 Studios ќе донира 240.000 денари во хуманитарни цели
Kristal

Актерот и продуцент Стефан Николовски, заедно со својата продукција 1400 Studios, повторно ја спои хуманоста и креативноста. По завршувањето на неговиот голем giveaway, во кој беа доделени мотор, Fiat 500 и неверојатно BMW 520d G30, Николовски објави дека ќе донира 240.000 денари во хуманитарни цели.

Посебната идеја зад овој проект беше тоа што за секој коментар под фотографијата од giveaway-от Николовски донира по 1 денар. На крајот, беа изброени неверојатни 240.000 коментари, што значи и 240.000 денари донација – директно од Стефан и неговата продукција.

Сакав секој коментар да има вистинска вредност. Публиката ме поддржува секојдневно, а овојпат решив таа поддршка да ја претворам во нешто што ќе направи добро дело,“ изјави Николовски.

Главното извлекување се одржа на03.11.2025 година, а овој проект уште еднаш потврди дека 1400 Studios не е само продукција што создава содржина – туку и бренд што гради вредности, инспирира и помага.

Escape