ПРВ.мк
Сцена

Се подготвува спектакл каков што Балканот не видел - Аца Лукас ќе го слави својот роденден во подкастот на Боки 13

Се подготвува спектакл каков што Балканот не видел - Аца Лукас ќе го слави својот роденден во подкастот на Боки 13
Kristal

По бурното гостување на Саша Мирковиќ, сопственикот на Hype TV, во поткастот на Боки 13, доаѓа нов медиумски спектакл. Овојпат, Боки најави гостување на Аца Лукас – еден од најконтроверзните и најкоментирани музички ѕвезди на Балканот.

Новата епизода ќе се емитува во понеделник, 3 ноември, во 21 часот, а според најавата на Боки, ќе биде „лом на сите теми и дилеми“.

Публиката со нетрпение очекува да слушне што Лукас ќе каже за музиката, славата, јавните конфликти и приватниот живот, особено по низа контроверзии кои во последните месеци го одржуваат во центарот на вниманието.

По рекордната гледаност на епизодата со Мирковиќ, се очекува ова издание да постави нов медиумски рекорд и да стане една од најгледаните емисии во регионот.

Боки 13 најави дека ова ќе биде подкаст што „нема да остави никого рамнодушен“ – разговор без цензура, без филтри и без задршка.

Escape