ПРВ.мк
Наука/Технологија

Шок во орбитата: Starlink сателит се распадна – што навистина се случи горе?

Шок во орбитата: Starlink сателит се распадна – што навистина се случи горе?
Kristal

Неочекуван инцидент ја потресе вселенската индустрија откако SpaceX изгуби контакт со еден од своите сателити Starlink, кој се распаднал додека кружел околу Земјата.

Станува збор за сателитот Starlink 34343, кој доживеал необјаснета аномалија на височина од околу 560 километри. Компанијата потврди дека веќе не е во едно парче, а анализите покажуваат дека настанал распад со повеќе фрагменти.

И покрај драматичноста, од SpaceX уверуваат дека нема ризик за Меѓународната вселенска станица, ниту за претстојната мисија Artemis II. Исто така, инцидентот нема да влијае ниту врз други лансирања, вклучително и Transporter-16.

Американската компанија LeoLabs потврди дека регистрирала „настан на создавање фрагменти“, што укажува дека сателитот се распаднал во орбитата. Според нивните анализи, причината најверојатно не е судир со вселенски отпад, туку внатрешен проблем – можеби поврзан со енергија или системска грешка.

Интересно е што ова не е изолиран случај – сличен инцидент се случил и кон крајот на 2025 година, што отвора нови прашања за сигурноста на овие системи.

Тимот на Starlink сè уште ја истражува точната причина, а од компанијата најавуваат дека ќе преземат мерки веднаш штом дојдат до конкретни заклучоци.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo