Нашата позната планинарка Илина Арсова алармира за зголемена опасност на патеките во Матка поради ронливи камења и карпи. По интензивните дождови, карпите се особено нестабилни, а секое второ фаќалиште се мрда, сподели таа од своето искуство на терен за време на прошетка со Сашо и Гоце Николовски.
Претходно, општина Сарај соопшти дека движењето по патеката Матка е забрането за јавноста поради ризик од уривање на карпи. Одлуката е донесена врз основа на актот на Дирекцијата за заштита и спасување, а на опасните подрачја се поставени предупредувачки знаци за паѓање камења.
Властите ги повикуваат жителите, туристите и планинарските здруженија строго да ја почитуваат забраната за нивна безбедност, потенцирајќи дека одговорноста во случај на непочитување паѓа на самиот посетител. Планинарите се советуваат да ја избегнуваат оваа зона додека не се стабилизира ситуацијата на терен.


















