ПРВ.мк
Македонија

МНР: СИТУАЦИЈАТА Е КРИТИЧНА, ЕВЕ ЈА БРОЈКАТА НА МАКЕДОНЦИ КОИ БАРААТ ЕВАКУАЦИЈА!

МНР: СИТУАЦИЈАТА Е КРИТИЧНА, ЕВЕ ЈА БРОЈКАТА НА МАКЕДОНЦИ КОИ БАРААТ ЕВАКУАЦИЈА!
Kristal

Бројот на македонски државјани кои официјално побарале помош за евакуација од Израел се зголемува. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) соопшти дека досега вкупно 11 наши граѓани побарале евакуација, но реализацијата на нивните барања во моментов е оневозможена поради тешката безбедносна состојба во регионот.

„Согласно последните информации, воздушниот простор над Израел останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе се разгледаат можностите за организирање евакуација, во согласност со актуелната безбедносна состојба“, соопшти МНРиНТ.

Додека се чека отворање на воздушниот простор, македонските граѓани кои се наоѓаат во Израел се повикуваат строго да ги следат упатствата од локалните служби. „Препораката е да се остане во засолништа кога тоа е наложено и внимателно да се следат официјалните известувања на израелските власти“, додаваат од Министерството.

Иако барањата за помош од Израел се зголемуваат, во дипломатско-конзуларните претставништва во Доха и Абу Даби засега нема евидентирано македонски државјани кои побарале итна евакуација. Амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби се во постојан контакт со граѓаните и се целосно на располагање за потребна помош, истакнува МНРиНТ.

Ситуацијата дополнително ја отежнува стравот од продолжување на конфликтот на Блискиот Исток и ја нагласува важноста граѓаните да ги следат официјалните упатства и да постапуваат со максимална претпазливост додека траат дипломатските напори за безбедна евакуација.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo