Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврди дека денешните напади биле насочени кон врвни ирански функционери, вклучително и командантот на Револуционерната гарда. Нападите се дел од заедничката американско-израелска операција.
Непотврдена вест за смртта на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи предизвика прослави во некои населби на Техеран. Според извори од терен, низ улиците се слушале сирени и радосни извици. Порано во текот на денот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има „сè поголеми индикации“ дека Хамнеи „веќе го нема“, но информацијата сè уште не е официјално потврдена, пренесува BBC Persian.


















