Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади врз Обединетите Арапски Емирати. Според 4news.mk, ирански дрон го погодил петѕвездениот хотел Бурџ Ал Араб во Дубаи, симбол на луксузот во градот.
Хотелот, висок 321 метар со 60 ката, се наоѓа на вештачки остров поврзан со копното преку приватен мост и е познат по ексклузивните апартмани, приватните батлери и хелиодромот на врвот.
Покрај хотелот, погоден е и меѓународниот аеродром во Дубаи. По ударите, започна евакуација на населението, а граѓаните се упатени кон подземните паркинзи за засолниште.


















