38-годишен жител на Тетово бил приведен откако бил затекнат при кражба во викенд-куќи во изградба во селото Лешок, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, случајот бил пријавен на 9 април околу 20:10 часот, кога сопственикот забележал лице кое од неговите објекти одземало железни столбови. По пријавата, полициските службеници веднаш излегле на терен и презеле мерки за пронаоѓање на осомничениот.
Набргу потоа, околу 21:15 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец со иницијали Р.А.
Од МВР соопштија дека лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Случајот е во фаза на расчистување, а надлежните работат на утврдување на сите околности поврзани со кражбата.










