По течението на една од најубавите македонски реки, Радика, е забележана несекојдневна сцена – мајка мечка и нејзините две мечиња се бањаат во студените води, очигледно уживајќи во првите топли денови на пролетта.
„Поглед што ретко се гледа – мечка со своите мали фатени на камера покрај Радика“, се наведува во објавата на фејсбук-страницата „River Radika“, при што се посочува дека снимката ја направил Един Исмаили.
Оваа прекрасна глетка го потсетува на богатството на македонската природа и на важноста од заштитата на животинскиот свет, особено на ретките и слабо забележливи видови како мечките во планинските региони.


















