Стресот стана неизбежен дел од модерниот живот. Кратки рокови, постојани обврски, важни состаноци и недостиг од време – сето тоа влијае на нашето расположение и чувството на ментална рамнотежа. Иако често се смета за нешто исклучиво негативно, научните истражувања покажуваат дека начинот на кој го доживуваме стресот може да има значајно влијание врз нашето здравје.
Истражување на Универзитетот Висконсин-Медисон од 2012 година, спроведено на повеќе од 28.000 испитаници, покажало дека самиот стрес не е нужно поврзан со прерана смрт. Она што се покажало како поважно е нашата перцепција – верувањето дека стресот сериозно го нарушува здравјето може да го зголеми ризикот од прерана смрт за 43%. На стресот можеме да гледаме како на нешто негативно што влијае на нашиот организам или како на нешто што ни дава сила и енергија да ги надминеме предизвиците
Во последните години, научниците сè повеќе внимание посветуваат на природните состојки кои можат да помогнат во одржување на добро расположение и ментална рамнотежа. Една од најистражуваните е шафранот (Crocus sativus).
Клиничките студии покажуваат дека екстрактот од шафран може да учествува во модулација и ублажување на нарушувањата на централниот нервен систем, како што е депресијата. Позитивни ефекти од неговата примена се забележани и кај анксиозност, Паркинсонова болест и деменција. Во една клиничка студија спроведена на здрави доброволци кои претходно пријавиле лошо расположение, бил забележан поволен ефект на шафранот врз подобрување на расположението.
На македонскиот пазар достапен е Atensa® direkt, додаток во исхраната на компанијата Pharmanova, развиен во соработка со реномирана шпанска компанија специјализирана за производство на органски шафран.
Производот содржи стандардизиран екстракт Affron®, добиен од шафран (Crocus sativus), со повеќе од 3,5% биоактивни компоненти Lepticrosalides®. Ефикасноста, безбедноста и подносливоста на оваа активна состојка се потврдени во шест објавени клинички студии.
Atensa® е додаток во исхраната кој не предизвикува зависност, не успива и не влијае на секојдневните активности. Се препорачува за возрасни лица кои се соочуваат со стресни ситуации – кратки рокови, важни состаноци, јавни настапи, испити или периоди на хормонални промени како менопауза.
Препорачаната дневна доза е една кесичка (28 mg) која се раствора во устата.
Во време кога стресот станува дел од секојдневието, природните решенија кои помагаат да се зачува менталната рамнотежа стануваат сè поважни.
Atensa® – за ден без стрес.


















