Голема Богородица, позната и како Успение на Пресвета Богородица, е еден од најголемите христијански празници што го слават верниците на 28 август. Овој ден ја одбележува смртта и вознесението на Богородица на небото, кога, според преданието, својот дух ѝ го предала на рацете на Спасителот.
Се верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на сите живи суштества, а празникот особено се поврзува со жените и мајките. Според преданијата, таа живеела меѓу 60 и 72 години, го надживеала својот син Исус Христос и останала сведок на првите христијански заедници, опкружена со љубовта и грижата на апостолите.
Иако во Библијата нема детали за нејзиниот земен крај, традицијата вели дека последните години ги поминала во Ерусалим. На иконите празникот е претставен со сцена каде Богородица почива со вкрстени раце, додека апостолите се околу неа, а Христос ја прима нејзината душа во облик на дете, опкружена со светлина и ангели.
Бидејќи празникот следи по двонеделен строг пост, верничките жени на овој ден се причестуваат, сметајќи го за најсвет ден за мајките. Во народните верувања, пак, се вели дека токму во овој период билките имаат најголема исцелителна моќ и затоа многумина ги собираат на овој датум.
Голема Богородица не е само празник, туку и симбол на вера, мајчинство и духовна сила, што секоја жена и мајка го носи во себе.