ПРВ.мк
Македонија

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 7-годишно дете тешко повредено откако автомобил го удри на улица – полицијата врши увид!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: 7-годишно дете тешко повредено откако автомобил го удри на улица – полицијата врши увид!

Во Кочани се случила сообраќајна несреќа во која 7-годишно дете се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патничко возило.

Според информациите од ОВР Кочани, инцидентот се случил вчера околу 17:30 часот на улицата „Стамен Манов“, кога автомобил „Цитроен“ со кочански регистарски таблички, управуван од 40-годишен возач од Кочани, удрил во малолетникот.

Повреденото дете веднаш било пренесено во Јавна здравствена установа Кочани, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата, додека јавноста е вознемирена поради сериозноста на инцидентот и возраста на повреденото дете.

Најнови вести