Дваесет и едногодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 14 април 2026 година околу 15:50 часот, во селото Дабиље. Во судирот учествувале патничко возило „бмв“, управувано од Ј.Ѓ. (21) од село Пиперево, и патничко возило „цитроен“, управувано од А.С. (25) од село Смолари, и двете со струмички регистарски ознаки.
Во несреќата, возачката на „бмв“-то се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица, а причините за несреќата дополнително се утврдуваат.









