15-годишна девојка заедно со нејзиното новороденче се водат како исчезнати откако нејзиниот татко пријавил во полиција дека ги нема од домот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 2 август во Полициската станица Карпош од страна на 42-годишен жител на Скопје. Тој изјавил дека неговата ќерка, Е.Л. (15), тој ден околу 07:00 часот го напуштила домот во непознат правец, земајќи го со себе и своето новородено бебе.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката и бебето. Засега не се откриваат дополнителни детали.
Ask ChatGPT