ПРВ.мк
Македонија

СНИМАЛЕ ДОДЕКА ЈА ТЕПААТ: Брутално врсничко насилство врз девојче во Македонија!

СНИМАЛЕ ДОДЕКА ЈА ТЕПААТ: Брутално врсничко насилство врз девојче во Македонија!

Група малолетни девојчиња физички нападнале нивна врсничка во скопската населба Ѓорче Петров, а целиот инцидент го снимале со мобилен телефон, информира полицијата.

Случајот бил пријавен од мајката на девојчето.

„Вчера во 17:50 часот во СВР Скопје, В.П.(50) од Скопје пријави дека на 27.03.2026 на подрачјето на Ѓорче Петров нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички, а за настанот постои и видеоматеријал“, соопштуваат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.