ПРВ.мк
Македонија

МИЛИОНСКА ДАНОЧНА АФЕРА: Обвинение за 6,5 милиони евра!

МИЛИОНСКА ДАНОЧНА АФЕРА: Обвинение за 6,5 милиони евра!

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение до Кривичниот суд против повеќе лица осомничени за сериозна даночна измама, со која буџетот е оштетен за околу 6,5 милиони евра.

Според обвинението, во 2023 година била формирана организирана група предводена од српски државјанин, сопственик и управител на две фирми, заедно со двајца службеници од УЈП – Скопје. Во текот на следните две години, кон групата се приклучиле и други лица поврзани со компании од Скопје и Гевгелија.

🔴 Како функционирала шемата?

  • Првообвинетиот давал лажни податоци во даночните биланси за да избегне плаќање данок.
  • Службениците од УЈП му помагале со совети и отстранување на пречки.
  • Други осомничени лажно прикажувале податоци за да добијат поврат на ДДВ за фирми нерезиденти.

Со овие дејствија:

  • Не бил платен данок од над 16,7 милиони денари
  • Биле незаконски побарани поврати од над 33,6 милиони денари
  • Преку перење пари биле пуштени во оптек над 401 милион денари

⚖️ Обвинителството бара:

  • Продолжување на притворот за седуммина осомничени
  • Конфискација на имот во вредност на направената штета

Во меѓувреме, преку меѓународна правна помош веќе се замрзнати имот и сметки на главниот осомничен во Србија, а по завршување на постапката ќе се бара негова конфискација.

Истрагата за случајот беше отворена во јануари, кога првпат беше откриено дека зад целата шема стои српски државјанин.