ПРВ.мк
Македонија

СЕРИЈА АПСЕЊА НИЗ ДРЖАВАТА: Паднаа лица во Скопје, на Блаце и во Штип - МВР со детали!

СЕРИЈА АПСЕЊА НИЗ ДРЖАВАТА: Паднаа лица во Скопје, на Блаце и во Штип - МВР со детали!
Kristal

Министерството за внатрешни работи информира за серија полициски акции реализирани на повеќе локации низ државата, при што биле лишени од слобода повеќе лица, а запленети се наркотични дроги и извршени се апсења по судска наредба.

На 30 декември 2025 година, на неколку различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица на возраст од 23 до 37 години, сите од Скопје. При извршените контроли, кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, како и марихуана. Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Истот ден, во 17:45 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници лишиле од слобода 69-годишен маж од селото Радуша, општина Сарај. При гранична контрола било утврдено дека лицето е евидентирано со мерка „апси“, по претходна наредба од Основниот кривичен суд Скопје. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Дополнително, СВР Штип поднесе кривична пријава против 47-годишен маж од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од полицијата, на 26 декември 2025 година бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и МДМА таблети.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека акциите се дел од континуираните напори за сузбивање на криминалот и недозволената трговија со дрога, а по целосно документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни законски постапки.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape