Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денеска, 6 август 2025 година, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули.
Корисниците кои имаат дебитна картичка ќе можат да ги подигнат средствата од банкомати, да плаќаат безготовински или да користат електронско и мобилно банкарство.
За да се избегнат гужви во банките, исплатата за тие што немаат картички ќе се врши по азбучен ред, во две групи:
– 06.08.2025: корисници со презимиња што почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
- 07.08.2025: корисници со презимиња што почнуваат на М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Исплатата се врши во сите отворени филијали и експозитури на банките, според распоредот.