Граѓаните на Република Северна Македонија во 2026 година ќе имаат повеќе можности за одмор отколку што можеби очекуваат. Според официјалниот календар на неработни денови, годината носи вкупно седум продолжени викенди за сите граѓани, што отвора простор за подобро планирање на патувања, семејни собири или кратки одмори.
Следниот неработен ден што важи за сите е 20 март, кога се одбележува Рамазан Бајрам, и токму овој празник носи продолжен викенд. Тоа значи дека граѓаните ќе можат да поврзат три дена одмор, без да користат дополнителни денови од годишен одмор.
Во продолжение следува целосниот распоред на неработни денови за сите граѓани во текот на 2026 година:
– 1 јануари (четврток) – Нова година – 7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ – 20 март (петок) – Рамазан Бајрам – продолжен викенд – 13 април (понеделник) – Велигден, втор ден – продолжен викенд – 1 мај (петок) – Ден на трудот – продолжен викенд – 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај паѓа во недела) – продолжен викенд – 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела) – продолжен викенд – 8 септември (вторник) – Ден на независноста – 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) – продолжен викенд – 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба – продолжен викенд – 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски
Она што ја прави 2026 година особено поволна е фактот што неколку значајни празници се паѓаат во понеделник или петок, што автоматски создава продолжени викенди без дополнителни измени во работниот календар.
Покрај државните празници, постојат и дополнителни неработни денови кои важат за одредени верски заедници.
За граѓаните од православна вероисповед, предвидени се следните неработни денови:
– 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици) – продолжен викенд – 10 април (петок) – Велики Петок – 29 мај (петок) – Духовден, петок пред празникот – продолжен викенд – 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) – продолжен викенд
Овие датуми овозможуваат дополнителни можности за одмор, особено затоа што дел од нив паѓаат во петок и создаваат три поврзани слободни денови.
За граѓаните од муслиманска вероисповед:
– 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на празникот
За граѓаните од католичка вероисповед:
– 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ – 6 април (понеделник) – Велигден, втор ден – 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
Со ваков распоред, 2026 година нуди реална можност за подобра организација на времето, особено за оние кои однапред ги планираат одморите. Продолжените викенди се распоредени низ целата година, што значи дека од пролет до доцна есен ќе има повеќе шанси за пауза од секојдневните обврски.


















