Американскиот Сенат влегува во критична фаза околу предлог-резолуцијата која може да ја ограничи претседателската слобода за акции против Иран. Иницијативата, поддржана од дел од демократите и републиканците, бара секоја понатамошна воена операција да добие зелено светло од Конгресот.
Иако шансите за конечен успех се ограничени, расправата има огромно политичко значење – покажува дали Конгресот ќе се огради од активностите на Белата куќа или ќе се обиде да ја врати контролата над одлуките за војна. Анкетите покажуваат дека мнозинството Американци се скептични кон понатамошни удари врз Иран, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу исходот.
Следното гласање ќе покаже дали оваа резолуција ќе се претвори во реална сопирачка или ќе остане само симболичен потег против претседателските овластувања.


















