ПРВ.мк
Свет

ДУБАИ ПОВТОРНО ВО ХАОС: Позната информацијата до кога ќе бидат суспендирани сите летови!

ДУБАИ ПОВТОРНО ВО ХАОС: Позната информацијата до кога ќе бидат суспендирани сите летови!
Kristal

Повеќето летови од меѓународниот аеродром во Дубаи се суспендирани, а патниците се предупредуваат да не се упатуваат кон терминалите без потврда од својата авиокомпанија. Ограничувањата се резултат на затворен воздушен простор во регионот, а најголемиот удар го трпат редовните летови.

Авиокомпанијата „Емиратс“ соопшти дека суспензијата ќе важи до 7 март до 23:59 часот по локално време. Само патниците со претходно потврдени резервации ќе можат да патуваат, додека оние во транзит ќе бидат примени само ако имаат потврден следен лет.

Аеродромските власти нагласуваат дека патниците без потврда може да не бидат пуштени во терминалот. За најновите информации се препорачува директен контакт со авиокомпанијата.

Ситуацијата создава сериозен хаос за патниците во Дубаи и се очекува до 7 март да се стабилизира, но сите се советуваат да проверуваат информации секојдневно пред поаѓање.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo