ПРВ.мк
Македонија

Македонија најавува масовна легализација: Трактори, приколки и мотокултиватори на ред!

Македонија најавува масовна легализација: Трактори, приколки и мотокултиватори на ред!
Kristal

Владата најави голема промена во регулацијата на земјоделската механизација и камп-приколките. Според новиот предлог-закон, сите трактори, тракторски приколки, мотокултиватори и камп-приколки треба да бидат легализирани најдоцна до 31 декември 2028 година.

Причината е очигледна – околу 40.000 нерегистрирани и неосигурени возила, вклучувајќи и трактори, активно се движат по патиштата и претставуваат сериозна закана за безбедноста. Со новите правила, граѓаните ќе можат да поднесат барања за легализација дури и пред суд, со цел конечно да се реши долгогодишното правно неизвесно прашање.

Законските измени исто така воведуваат нова категорија „застапник на независна институција“ која ќе може да издава потврди за техничка исправност на возила што не се усогласени со европските стандарди. Министерството за енергетика ќе ги овластува овие институции, кои ќе водат и јавен регистар со контроли и месечно известување.

Стариот возен парк е уште еден проблем – просечната старост на тракторите во земјава надминува 26 години, а многу од нив немаат основни безбедносни системи. Легализацијата и стандардизацијата имаат за цел да ја зголемат безбедноста на патиштата и да ги усогласи домашните регулативи со европските правила.

Со оваа мерка се очекува да се стави крај на долгогодишниот хаос и да се создаде појасен и безбеден систем за сите корисници на земјоделска механизација.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo