Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го презентираше новиот Закон за лекови, кој има за цел да обезбеди побрза регистрација на терапиите и поголема достапност на лековите за пациентите.
Според најавите, законот ќе воведе и поостри контроли на квалитетот и безбедноста на фармацевтските производи, нови правила за клинички испитувања и подобрен систем за управување со фармацевтскиот отпад од домаќинствата. Со ова се очекува и поголема усогласеност со европските стандарди.
Министерството нагласи дека со новиот закон ќе се овозможи поефикасен надзор и следење на снабдувањето со лекови, со цел да се спречи нивниот недостиг. Ова доаѓа по најавата за намалување на цените на над 300 лекови од 1 мај и воведувањето на тригодишен модел за набавка на лекови за ретки болести, кој ќе обезбеди поодржлив и предвидлив систем за пациентите.
Со новиот закон, Министерството за здравство ја зајакнува контролата и достапноста на лековите, обезбедувајќи побрзо и поефикасно лечење за граѓаните.



















