ПРВ.мк
Магазин

Пепко пристигнува во Македонија: Еве кога се отвораат првите продавници!

Пепко пристигнува во Македонија: Еве кога се отвораат првите продавници!
Kristal

Македонскиот пазар наскоро ќе добие ново засилување, откако Пепко официјално го најави своето пристигнување. Првите продавници се очекува да се отворат во јуни 2026 година во Скопје, со што земјата станува дел од европската мрежа на брендот.

Овој потег се смета за значаен пресврт во домашниот малопродажен сектор, бидејќи носи нова конкуренција и поголем избор за потрошувачите. Брендот е познат по својата формула – модерен изглед, практични производи и пристапни цени, што го прави популарен низ Европа.

Во нивните продавници може да се најдат различни категории на производи: облека за деца и возрасни, предмети за домот, декорации и секојдневни артикли кои комбинираат функционалност и стил.

Со искуство од повеќе од две децении на европските пазари, компанијата веќе има изградено препознатлив концепт кој привлекува широк круг купувачи.

Отворањето на првите локации во Скопје се очекува да предизвика голем интерес, а ова може да биде само почеток на пошироко проширување низ земјата.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo