KARIERA.mk со гордост го најавува овогодинешното издание на Global HR Vision, ексклузивен бизнис настан кој на 23 април 2026 година во Skopje Marriott Hotel ќе ги обедини лидерите, професионалците и компаниите што сакаат да бидат чекор пред промените во светот на човечките ресурси и современото лидерство.
Станува збор за конференција посветена на иднината на луѓето во организациите, развојот на талентите, корпоративната култура и новите HR модели кои веќе го менуваат начинот на работа на глобално ниво. Global HR Vision не е само уште еден деловен настан, туку платформа за размена на знаења, идеи и искуства меѓу компании и професионалци кои сакаат да создаваат поодржливи, попаметни и поуспешни организации.
На сцената во Скопје ќе настапат пет врвни меѓународни говорници од реномирани компании како AstraZeneca, Bayer, Atlantic Grupa, Dara Impact и Green Man Gaming. Тие ќе споделат практики, трендови и конкретни стратегии што се применуваат во светски рамки, а публиката ќе има можност одблиску да слушне искуства од професионалци кои стојат зад сериозни трансформации во HR секторот.
Меѓу говорниците е Harbir Singh Rissam, Global HR Business Partner за Biopharmaceutical R&D во AstraZeneca, кој ќе говори на тема поврзана со вештачката интелигенција во HR, податоците, пристрасноста и етичкото носење одлуки. Peter Spannagl од Bayer, професионалец со повеќе од 30 години искуство во HR и лидерски развој, ќе се осврне на тоа како изгледаат првите 90 дена од вработувањето и нивното влијание врз перформансот. Majda Berislavic од Atlantic Grupa ќе говори за градење функционални академии за учење и развој, Ilona Popczyk од Green Man Gaming ќе отвори актуелна тема за иднината на работата од дома, додека Nadina Tyropolis од Dara Impact ќе зборува за одржливо лидерство и излегување од замката на постојан перформанс притисок.

Настанот започнува со регистрација од 08:15 часот, по што следува официјално отворање, богата конференциска програма и повеќе тематски сесии во текот на денот. Во агендата е предвиден и coffee break, како и изненадување со специјален гостин, а по завршувањето на официјалниот дел, дружењето продолжува во Trend London Bistro, каде во неформална атмосфера учесниците ќе имаат можност за networking, нови контакти и деловни пријателства, проследени со DJ сет на DJ Boogimen.

Global HR Vision 2026 претставува одлична можност за сите компании и HR професионалци кои сакаат да инвестираат во знаење, развој и меѓународни перспективи. Ова е место каде идеите се претвораат во стратегии, а разговорите во нови партнерства.
За присуство е потребна претходна регистрација, а билетите се достапни онлајн преку: КУПИ КАРТА ТУКА
За карти на фактура и групни билети, заинтересираните компании можат да стапат во контакт директно со KARIERA.mk



















