Во доцните ноќни часови, поточно околу 23:45 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека се случила тешка сообраќајна несреќа во селото Штука, во струмичкиот регион.
Несреќата се случила кога 33-годишниот З.С. од село Иловица, управувајќи нерегистриран мотоцикл марка „Хамачи“, изгубил контрола и излетал од коловозот. За жал, од тешките повреди здобиени при падот, мотоциклистот починал на самото место.
На местото на несреќата излегле лекари од Итна медицинска помош – Струмица, кои констатирале смрт, а увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, како и екипа на СВР Струмица.
По наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат сите околности поврзани со несреќата.