Во Полициското одделение Шуто Оризари, 39-годишна жена поднела пријава против нивниот сосед, Џ.С., обвинувајќи го дека недолично ја допирал нејзината малолетна ќерка.
Според нејзината изјава, инцидентот се случил на 15 јули, по што таа веднаш го пријавила случајот во полиција. Веднаш по поднесената пријава, бил известен јавен обвинител, кој започнал постапка за понатамошно постапување.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а откако ќе се соберат сите потребни информации и докази, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот.