ПРВ.мк
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО ЗДРАВСТЕВНА УСТАНОВА: Пациент физички нападнал медицинска сестра - ова се деталите!

ИНЦИДЕНТ ВО ЗДРАВСТЕВНА УСТАНОВА: Пациент физички нападнал медицинска сестра - ова се деталите!
Kristal

Вработена медицинска сестра во здравствена установа во скопската општина Ѓорче Петров пријавила дека била физички нападната од пациент кој се лекувал во установата.

Инцидентот се случил во раните утрински часови, околу 4 часот, додека таа била на своето работно место. Според пријавата, пациентот без претходна најава ја нападнал медицинската сестра, по што случајот бил веднаш пријавен во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е започната постапка за целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности поврзани со нападот. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за здравствената состојба на нападнатата или за мотивите на пациентот.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo