ПРВ.мк
Македонија

УЈП СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА „МОЈ ДДВ“: Се огласија по шпекулациите!

УЈП СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА „МОЈ ДДВ“: Се огласија по шпекулациите!
Kristal

Управата за јавни приходи остро ги демантира информациите што се појавија во дел од медиумите дека мерката „Мој ДДВ“ се укинува и порачува дека станува збор за невистини и шпекулации.

Од УЈП јасно и недвосмислено потенцираат дека не постои никаква одлука за укинување на „Мој ДДВ“, ниту пак такво нешто е предмет на разгледување. Мерката продолжува да се спроведува континуирано, а граѓаните и понатаму можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите законски права.

„За спроведување на мерката „Мој ДДВ“ се обезбедени средства во Буџетот за 2026 година, со што е гарантирано нејзиното непречено и редовно функционирање“, нагласуваат од УЈП.

Во текот на 2025 година, преку „Мој ДДВ“ биле извршени редовни исплати во износ од над 3,45 милијарди денари, што претставува значителна финансиска поддршка директно вратена на сметките на граѓаните. Исплатите се реализирале по квартали, со стотици илјади корисници кои ја користеле оваа мерка.

Дополнително, во текот на 2025 година биле реализирани и дополнителни исплати за корисници кои во минатите години немале целосни или точни податоци, со што и тие ги добиле средствата што им следуваат.

Од УЈП информираат дека налозите за исплата за последниот квартал од 2025 година веќе се во подготовка, а согласно законските рокови, исплатата е планирана да се реализира во февруари 2026 година.

Во соопштението се упатува и апел до јавноста да не подлегнува на дезинформации и да ги следи исклучиво официјалните соопштенија на Управата за јавни приходи. Апликацијата „Мој ДДВ“, како што наведуваат, функционира редовно, а евентуалните краткотрајни технички забавувања се резултат на тековни подобрувања на системот.

„Со ова уште еднаш потврдуваме дека апликацијата „Мој ДДВ“ останува во функција и не се разгледува нејзино укинување“, порачуваат од УЈП.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo