ПРВ.мк
Македонија

Големи гужви на границите-еве ги деталите

Големи гужви на границите-еве ги деталите
Escape

Зголемената фреквенција на патници и возила во летната сезона предизвика метеж на граничните премини низ Македонија. Според податоците од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), најголеми задржувања има на граничните премини Табановце и Пелинце, каде времето на чекање достигнува до 45 минути. На преминот Богородица кон Грција, чекањето е околу 30 минути.

На останатите гранични премини состојбата засега е стабилна, но АМСМ предупредува дека фреквенцијата на сообраќајот може да се промени, особено во викендите и попладневните часови, па времето на чекање може да се зголеми.

Возачите се повикуваат на трпеливост, внимателност и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на критичните патни правци како Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои зголемен ризик од одрони.

Најголем сообраќај е кон Србија и Грција, а за викендот се очекува дополнително зголемување поради патувањата на одмор и враќањето од летување. Патниците се советуваат однапред да го планираат патувањето и да се информираат за состојбата на патиштата и граничните премини.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo