ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Двегодишник во тешка состојба по напад од глутница кучиња – семејството бара одговорност!

(ВИДЕО) Двегодишник во тешка состојба по напад од глутница кучиња – семејството бара одговорност!
Kristal

Двегодишно дете од населбата Баир е во тешка здравствена состојба по напад од куче скитник. Кучето не припаѓало на семејството и било без чип, а нападот се случил додека детето си играло во дворот. Глутницата кучиња го повлекла детето околу 200 метри, предизвикувајќи повреди на вратот, стомакот и препоните.

Вујкото на детето појасни дека кучињата не биле одгледувани од локалното население и ги критикуваше неодредените тврдења дека станува збор за „маалски кучиња“. Семјството и граѓаните на општина Битола сметаат дека локалната власт треба да преземе мерки за контрола на бездомните животни, кои се опасни за граѓаните.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

При такви инциденти, граѓаните се советуваат да пријават случајот кај Секторот за инспекциски работи во локалната самоуправа или кај надлежното прифатилиште, кое ја известува официјалната ветеринарска служба за каснувањето.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo