ПРВ.мк
Магазин

Ралф Шумахер повторно ќе се венча - овој пат со маж!

Ралф Шумахер повторно ќе се венча - овој пат со маж!
Kristal

Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер (50), брат на славниот Михаел Шумахер, повторно ќе се најде пред олтар. По неодамнешниот развод од сопругата Кора, сега тој планира брак со својот партнер Етјен Бускет-Казања (36). Двајцата се во врска веќе 19 месеци и сега решија да го зацврстат својот однос со официјална венчавка.

Веста за нивната свршувачка предизвика големо внимание во светските медиуми, а особено привлечен беше коментарот од поранешната сопруга Кора, која им посака среќа на новиот пар. „Стивен и јас им посакуваме на Ралф и Етјен многу среќа и сè најдобро“, рече таа. Овој гест покажува дека, и покрај бурниот развод, поранешната двојка успеала да остане во добри односи.

Ралф и Кора беа во брак од 2001 година, кога се венчаа на раскошна церемонија во Салцбург, и останаа заедно 13 години. Во текот на бракот медиумите ги следеа нивните тешкотии, а по разводот Кора дури ја запали својата венчаница како симболичен чин на затворање на минатото и желба за мир. Синот Давид, кој сега има 24 години, исто така остана дел од семејството, иако германските медиуми тврдат дека Кора со години немала контакт со поранешниот сопруг.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo