ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) 9-годишно чудо од Полска го собори рекордот на Рубиковата коцка – 2,76 секунди!

(ВИДЕО) 9-годишно чудо од Полска го собори рекордот на Рубиковата коцка – 2,76 секунди!
Kristal

Мал, но неверојатен – Теодор Зајдер, само 9-годишен од Полска, постави нов светски рекорд во решавање на класичната 3x3x3 Рубикова коцка. На официјален натпревар во Гдањск, тој успеа да ја реши за неверојатни 2,76 секунди!

Со овој резултат, Теодор стана првата личност во светот која официјално ја решила Рубиковата коцка за помалку од три секунди во натпреварувачки услови. Светската кјубинг асоцијација (World Cube Association) го признала рекордот како официјален.

Досегашниот рекорд изнесуваше 3,05 секунди, но младото полско чудо ја помести границата која долго време се сметаше за психолошки и технички лимит.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

И покрај својата млада возраст, Теодор има богато натпреварувачко искуство, освоил десетици медали и претходно поставил светски рекорд во дисциплината 2x2x2. Ова момче дефинитивно ја брка историјата на кјубинг светот!

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo