ПРВ.мк
Македонија

Двајца возачи уапсени во Скопје - причината ќе ве изненади!

Двајца возачи уапсени во Скопје - причината ќе ве изненади!
Kristal

Ноќеска, двајца возачи се лишени од слобода во акциска контрола на подрачјето на Центар и Бит Пазар во Скопје, поради основано сомнение за прикривање регистарски ознаки, објави Скопје1.мк.

Контролата се спроведе од 19:00 до 03:00 часот, во рамки на план за засилени активности за одржување на безбедноста во централното градско подрачје. При тоа, полицијата проверила 24 лица, прегледала 17 лица и контролирала четири возила.

За време на акцијата биле регистрирани седум сообраќајни прекршоци, а две возила се одземени согласно Кривичниот законик. Лишени од слобода се С.С. и М.А., кои управувале „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Дополнително, бил регистриран и еден прекршок по Законот за оружје.

Полицијата спровела и превентивни обиколки во парк на Капиштец, кај угостителски објекти на булеварот „Партизански одреди“ и кај игралиштето „Дрвен Град“, каде што се собирале малолетни лица.

МВР најавува дека акциските контроли ќе продолжат, со цел подобрување на јавната безбедност и санкционирање на прекршувањата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo