ПРВ.мк
Македонија

Детали за пожарот во Кочани – храбри пожарникари извлекоа жена од пламените!

Детали за пожарот во Кочани – храбри пожарникари извлекоа жена од пламените!
Escape

Голем пожар избувна денеска во куќа лоцирана на една од најгусто населените улици во центарот на Кочани – „Браќа Ставреви“. Пожарот предизвика вистинска паника меѓу жителите, а густите облаци од чад се ширеа над целиот реон.

На местото на настанот веднаш интервенираа неколку екипи на Територијалната противпожарна служба, кои со повеќе возила се вклучија во гаснењето на огнената стихија. Благодарение на нивната брза и координирана акција, успеаја да спасат една повозрасна жена која се наоѓала во запалената куќа.

Според првичните информации, жената е жива и не е во животно загрозувачка состојба, што е вистинско чудо ако се земе предвид силата на пожарот.

Улицата „Браќа Ставреви“ е позната по густата поставеност на куќите – една до друга, без многу простор меѓу нив – што го зголемува ризикот од ширење на пожарот кон соседните објекти. Засега, пожарникарите успеваат да ја држат огнената стихија под контрола и да спречат катастрофа од поголеми размери.

Во моментот, гаснењето на пожарот сè уште е во тек, а детални информации за причините и евентуалната материјална штета сè уште не се достапни.

Mia Home Mavrovo