ПРВ.мк
Македонија

Пеколна закана кај Куманово: Огнен ѕвер се приближува до селата, пламените јазици видливи од градот!

Пеколна закана кај Куманово: Огнен ѕвер се приближува до селата, пламените јазици видливи од градот!
Escape

На територијата на Македонија моментално беснеат 29 активни пожари, а најалармантна е состојбата во селото Ваксинце, општина Липково, каде што огнената стихија се шири кон соседните села Лојане и Речица.

Пожарот избувнал денеска околу 11:40 часот, а според командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, две екипи веднаш излегле на терен. Во гаснењето се вклучени три противпожарни возила и осум пожарникари. Ситуацијата е динамична – огнот постојано се локализира, но веднаш потоа повторно се разгорува. Пожарот веќе е видлив и од самиот град Куманово.

Голем број пожари се активни и на други локации низ државата:

  • кај с. Нивичино (меѓу Василево, Радовиш и Берово)
  • кај с. Грешница (Македонски Брод)
  • меѓу Локвица и Крапа (истата општина)
  • Беловиште (Прилеп)
  • меѓу Церово и Групчин (Желино)
  • Горно и Средно Коњари (Петровец)

Под контрола се ставени пожарите во:

  • Царевиќ и Смолани (Прилеп)
  • Латово (Македонски Брод)
  • кај тунелите на Е-75 во Демир Капија

Надлежните апелираат за крајна внимателност, посебно поради екстремно високите температури кои го зголемуваат ризикот од нови пожари. Секој невнимателен потег може да предизвика катастрофа.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape